Интер продолжува со несигурните игри на стартот од новата сезона во Серија А.
„Нероаѕурите“ пред почетокот на првенството беа прогласени за едни од главните конкуренти на Јувентус во трка за Скудетото, меѓутоа со пораз и нерешен исход, во првите две кола работите не делуваат толку добро за екипата на Спалети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од Милано победе против Торино со 2:0 на полувреме и се чинеше дека ги имаат трите бода в џеб, но со погодоците на Белоти и Меите, „Биковите“ освоија бод.
„Не знам што ни се случи во второто полувереме, како да не изненадија со топката нивните играчи за врска“, искоментира Спалети за Скај Спорт Италија.
„Не се однесувавме коректно кон топката, не реагиравме добро на нивниот притисок. Реалноста е што овој тим игра под притисок“, истакна италијанскиот тренер.
На почетокот на сезоната и самиот Спалети го стави својот тим во редот на фаворити за освојување на Скудетото, но на ваков почеток не се надеваше.
„Искрено тешко е да се замисли дека можеме да победиме на секој меч, одиме чекор по чекор. Имавме погрешен пристап кон Сасуоло, на овој меч имавме одличен почеток, но нивниот банален прв гол не исфрли од рамнотежа“, заврши тренерот на Интер.
Миланскиот тим во следното коло гостува кај Болоња, ако сака да фати приклучок со екипите од врвот, би морал овојпат да слави.