Дома Фудбал Италија Спалети: Не знам ништо фотографиите на Икарди, во клубот секогаш е облечен

Спалети: Не знам ништо фотографиите на Икарди, во клубот секогаш е облечен

Мауро Икарди во претходните денови привлече големо внимание од италијанската јавност.

Не станува збор за внимение добиено со игрите на теренот, туку со акциите кои ги води заедно со неговата сопруга Ванда Нара.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа и минатата недела во јавноста се појавија голем број фотографии на кои двајцата се голи. Тоа привлече различни коментари, а италијанските новинари го прашаа тренерот на Интер, Лучијано Спалети да даде негово мислење.

Одговорот кој го добија може да се каже и дека беше очекуван.

„Не знам на што точно мислите. Кога е тука во клубот секогаш е облечен. Тоа е она што мене ме интересира“, изјави Спалети.

Потоа тренерот на Интер продолжи да зборува за аргентинскиот напаѓач.

„Работите кои се случија во минатото веројатно го лимитираа. Сепак, она што е посебно кај него е тој баланс во играта кој го има и тоа ќе му ги врати бројките кои ги имаше. Кога јас би се прашувал не постои проблем со него“, истакна Спалети.

Икарди на почетокот на годината не играше за Интер поради стопираните преговори за нов договор, а му беше одземена и капитенската лента.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…