Тренерот на Интер, Лучијано Спалети беше бесен после ремито со Фиорентина. Негодуваше на судиските одлуки и направи хаос во студиото на „Скај Спорт“.
Неговиот тим имаше водство од 3:1, но ја испушти победата длабоко во судиското продолжение, откако судијата досуди пенал за Фиорентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа во најмала рака беше спорна одлука бидејќи впечатокот е дека Дамброзио игра со гради, а не со рака. Сепак, после консултација со ВАР судијата покажа на белата точка.
„Беше очигледно. Топката го удри во градите, а не во раката. Нема дилема, тоа се виде јасно дури од клупата. Сите го видоа тоа. Сите! Кај првиот пенал нивниот играч намерно игра со рака. Кај вториот беше очигледно дека топката го погоди играчот во гради“, нервозен беше Спалети.
„Не разговарав со судијата на крајот бидејќи што да му кажам после сето ова? Што да ми каже тој мене? Да ме убедува дека топката го удрила во рака иако на сите ни е јасно дека не е така?“
Потоа Спалети збесна на гостите во студиото откако водителот изјави дека „можеби е во право“.
„Нема можеби, нема веројатно. Овде се е очигледно и јасно. Топката го удри во градите, а не во раката. Овде нема „ако“ и „можеби“, овде нема дилема. Вие кои го велите тоа на телевизија зборувате како навивачи. Сега после ова ќе почнете да зборувате дека Спалети заминува поради лоши резултати… Ова е клучен дел од сезоната и резултатите се клучни за исходот на крајот на сезоната“, бесен беше Спалети.