Интер синоќа одигра реми со Наполи и понатаму е во тракат за Лигата на шампиони, но тренерот Спалети во свој тил „го призна поразот“.
Имено, Спалети после натпреварот јавно призна дека неговиот тим нема квалитет и ги налути како навивачите, така и сопствениците на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немаме квалитет, сите велат дека имаме, но јас тоа не го гледам. Не мислам дека овој тим може да победува. Наполи е многу поквалитетен тим од нас, ние само можеме да се браниме и да чекаме контра“, изјави Спалети.
„Работиме цела сезона и не напредуваме, цело првенство се обидуваме и ништо не постигнуваме. Ако сме задоволни со бод, тоа е нашиот максимум. Јас сакам да победувам, но ова е нашиот максимален домет“, заклучи Спалети.
Ваквата изјава силно одекна во италијанската јавност, а особено на нож ја прифатија фановите на Интер.