Дрис Мертенс се прости од Наполи и така стави крај на една неверојатна авантура која траеше цели девет години.




Иако беше омилен во клубот и така, сега дефинитивно неговиот статус на легенда ќе се зацврсти. Мертенс не се договори со Де Лаурентис за нов договор, а откако пропаднале преговорите со Наполи добил понуда од Јувентус.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Јувентус на Мертенс му понудил пет милиони евра по сезона. За ова се пишуваше и претходно, но сега дека навистина е така потврди потпретседателот на Галатасарај, Ерден Тимур.




„Со сопствени очи видов дека Јувентус му понуди пет милиони евра по сезона. Мертенс покажа доблест и не сакаше да оди во Јувентус поради ривалството кое го има со Наполи“, изјави еден од водечките луѓе на турскиот гигант.