Дома Фудбал Репрезентации Со „покер“ за едно полувреме ја завршивме работата со Гибралтар

Со „покер“ за едно полувреме ја завршивме работата со Гибралтар

Македонија денес забележа убедлива победа против Гибралтар во рамките од четвртот около во Лигата на Нации (4:0).

Од самиот стрт тргнавме офанзивно, беше јасно дека сакаме победа после тешкиот пораз од Грузија. Резултатот брзо го отворивме, капитенот Енис Барди од слободен удар го матираше голманот на Грузијците, топката од стативатаа заврши зад неговиот грб. Само некоја минута подоцна Бојан Миовски влезе во одлична прилика и ја погоди пречката.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во листата на стрелци Миовски се зпиша во 14. минута после едно нафрлување на Барди од слободен удар. Само две минути подоцна на семафорот веќе стоееш 3:0 и повторно стрелец беше Миовски.

И покрај веќе високото водство продолживме да напаѓаме, имавме серија добри прилики, а во некои ситуации се истакна и противничкиот голман. Четвртиот гол беше дел на Дарко Чурлинов после половина час игра.

Гибралтар само на моменти знаеше да создаде по некоја полу прилика се друго беше доминација на нашата репрезентација. Во второто полувреме Милевски направи уште некоја измена и дополнително го подмлади составот, мирно и сигурно го приведовме натпреварот кон крајот.

Со овој триумф дојдовме до седум бода на втората позиција, Бугарија ни направи услуга одигрувајќи 0:0 во Тбилиси со Грузија која е лидер со 10 бода пред последните две кола.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пол се налути и објасни зошто Тајсон го промашувал во борбата

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсо…