За нов тренер на Јувентус е назначен легендарниот Андреа Пирло.
Пирло на клупата на Старата дама ќе го има своето прво тренерско искуство, а на клупата пристигна на местото на Маурицио Сари, кој доби отказ откако испадна од ЛШ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Пирло со сигурност ќе има различен пристап од Сари, а судејќи по неговата изјава од претходната година играта на Старата дама ќе биде офанзивна.
„Сакам да играм во напаѓачка формација 4-3-3 и со многу посед на топка. Тој систем на игра го сакам, но на крајот зависи од играчите. Мора да се прилагодите и на нив. Ако се заклучиш во еден систем на игра и играчите не можат да се прилагодат, тогаш залудно губиш време и нема да го извадиш најдоброто од нив.“
Исто така, знае што му треба на Јувентус за во иднина.
„Проблемот во Јувентус е средниот ред. Го донесоа Роналдо, но мора да најдат вистински начин да му ја додаваат топката.“ – зборуваше неодамна Пирло.
Очигледно е дека со Пирло ќе гледаме многу поофанзивен Јувентус.