21-годишниот Квича Кварацхелија вчера правеше разлика на теренот и покааж зоѓто Наполи го договори неговиот трансфер уште пред неколку месеци.
Младиот фудбалер пред натпреварот посака одамзда за болниот пораз кој Македонија и го нанесе на Грузија во Тбилиси. Вчера Грузија беше подобрата репрезентација и заслужено не победи со 0:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам прво да им честитам на моите соиграчи за победата. Секако дека кај нас постоеше желба за одмазда, имавме за што да играме против Македонија, со оваа победа не ја менуваме историјата, но ни беше потребна. Победивме сега мислиме на следните натпревари. Кога играме за Грузија не ни е потребна дополнителна мотивација, нашите навивачи се неверојатни, дојдоа и во Скопје. Сега следи нов натпревар со Бугарија и се надевам ќе ги израдуваме фановите“, изјави Кварацхелија.
Кварацхелија беше стрелец на Арената, го постигна вториот гол за Грузија.
Фото: Фудбалска Федерација на Грузија