Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Составот со кој вечерва Хрватска може да настапи против Аргентина

Составот со кој вечерва Хрватска може да настапи против Аргентина

Вечерва се игра првото полуфинале во Катар во кое силите ќе ги одмерат Хрватска и Аргентина.

Аргентинците се предводени од Меси, додека Хрватите на другата страна го имаат Лука Модриќ. Двајцата великани го играат нивниот последен Мундијал во кариерата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатото СП во Русија Хрватска и Аргентина се сретнаа во групната фаза, а славеа „коцкестите“ со 3:0. Но, треба да се знае дека од тој натпревар до денес има големи промени. Хрватска ги нема два од трите стрелци, во репрезентацијата не се Анте Ребиќ и Иван Ракитиќ.

Медимите во Хрватска веќе најавуваат и како би можел да изгледа составот со кој Далиќ ќе стартува вечерва.

Ливаковиќ; Соса, Гвардиол, Ловрен, Јурановиќ; Ковачиќ, Брозовиќ, Модриќ; Влашиќ (Пашалиќ), Крамариќ (Петковиќ), Перишиќ.

Натпреварот се игра во терминот од 20:00 часот, а ќе потсетиме во второто полуфинале ќе се сретнат Франција и Мароко, тој дуел на програта е утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Атлетико постигна договор со нов играч од Аталанта

Атлетико Мадрид постигна договор со играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, за негов…