Селекторот на Бразил, Тите го соопшти списокот на играчи за пријателските натпревари против Русија и Германија.
Од новајлиите на списокот се најде именото на голманот на Валенсија, Нето и играчот на Бешикташ, Андерсон Талиска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тите при објавувањето изјави дека неиграњето на Нејмар ќе му помогне на тимот да научи да игра без својот главен напаѓач. Бразил на 23 март во Москва ќе игра против Русија, а четири дена подоцна против актуелниот светски шампион Германија.
Тоа ќе биде нивни прв дуел уште од полуфиналниот натпревар на Мундијалот во 2014 година кога Германија го победи Бразил со 7:1.
Во продолжение погледнете како изгледа составот на Бразил:
Голмани: Алисон (Рома), Нето (Валенсија), Едерсон (Манчестер Сити)
Одбрана: Даниел Алвеш (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Тиаго Силва (ПСЖ), Марсело (Реал Мадрид), Фагнер (Коринтијас), Фелипе Луис (Атлетико Мадрид), Миранда (Интер), Педро Жеромел (Гремио), Родриго Кајо (Сао Паоло)
Средина: Касемиро (Реал Мадрид), Фернандињо (Манчестер Сити), Фред (Шахтјор), Паулињо (Барселона), Ренато Агусто (Пекинг), Андерсон Талиска (Бешикташ), Фелипе Кутињо (Барселона), Вилијан (Челзи).
Напад: Даглас Коста (Јувентус), Тајсон (Шахтјор), Габриел Хесус (Манчестер Сити), Роберто Фимрино (Ливерпул), Вилијан Жозе (Реал Сосиедад).