Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Составот на Белгија делува застрашувачки: И како да не ги ставиме во фаворитите?

Составот на Белгија делува застрашувачки: И како да не ги ставиме во фаворитите?

Белгија денеска го игра својот прв натпревар на Мундијалот во Русија, а противник е селекцијата на Панама.

Денеска на програмата се двата натпревара од првото коло во групата Г, а ќе се сретнат Белгија против Панама и Англија против Тунис. Првиот се игра во 17 часот, а вториот во 20.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Белгија и Англија се големи фаворити во оваа група, а многу ги гледаат и како потенцијални кандидати за финалето.

Одговор на прашањето зошто Белгија е меѓу фаворитите за така висок пласман го донесува и најавениот состав за дуелот против Панама.

Како што јавуваат белгијските медиуми, селекторот Роберто Мартинез денеска ќе започне со следните 11:

Куртоа, Алдервилд, Бојата, Вертоген, Муниер, Де Брујне, Витсел, Караско, Мертенс, Лукаку, Азар.

Имајте на ум дека на клупата ќе седат играчи како Компани, Батчуаи, Фелаини…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…