Тимот на Милан не бележи резултати какви што се очекуваше пред стартот на сезоната, поради што местото на Виченцо Монтела како стратег воопшто не е сигурно и во многу краток рок би можело да дојде до промена.
Како што пренесуваат дел од медиумите во Италија, на местото на Монтела во Милан би можел да пристигне Валтер Мацари, кој во минатото беше тренер на Интер.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Мацари покрај Интер, во Италија го предводеше и тимот на Наполи, со кој бележеше одлични резултати. Покрај него, во игра за тренерското столче на Милан се споменува и Пауло Соуса.
Едно е јасно, доколку во следниот период Монтела не направи чудо и Милан не обезбеди неколку победи во серија, тогаш ќе следува промена на тренерската позиција.