Дома Фудбал Останато Сопругата на Марсело: Роналдо ни недостасува на сите

Сопругата на Марсело: Роналдо ни недостасува на сите

Клариса Алвес, сопругата на Марсело во интервју за шпанските медиуми зборуваше и за Кристиано Роналдо.

Таа во големо интервју зборуваше за нејзината актерска кариера, но и за Кристиано Роналдо кој го напушти Реал Мадрид минатото лето и премина во Јувентус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Остана голема празнина откако Роналдо си замина од Мадрид, Јас и Георгина имавме добар однос, а мојот син го обожаваше Жуниор, синот на Роналдо. Поради тоа морам да кажам дека на сите ни недостасува“, призна сопругата на Марсело.

Клариса призна и дека е тешко да се биде жена на фудбалер поради големото медиумско внимание, но знае и дека таквиот статус и донел повеќе пријателки.

„Имам добри пријателки. Вања, сопругата на Лука Модриќ е мој голем пријател, тука е и Андреа, сопругата на Кејлор Навас. Се сложувам скоро со сите, тука сум веќе 12 години и ги знам сите“, откри Клариса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …