Шпанскиот репрезентативец од Јувентус, Алваро Мората се нашол во една малку непријатна ситуација.
Јувентус играше со Барселона во „Жоан Гампер трофејот“ и тој натпревар убедливо го загуби. По натпреварот Мората стигнал дома во четири часот наутро. Кога стигнал пред домот го дочекале заклучени врати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопругата на Мората, Алис заклучила се, а проблемот бил што Мората не носел клуч и не можел да го деактивира системот за безбедност без да предизвика паник.
Во таква ситуација тој не сакал да ги буди сопругата и децата во раните утрински часови, па ноќта ја поминал во еден од хотелите во Торино.
„Стигнав дома во четири наутро и што да видам – блокада. Сопругата заклучила се. Браво, секоја чест“, им открил Мората на новинарите.
Неговата сопруга се правдеше дека заспала и не било ништо со намера.