Дома Фудбал Останато Сонародник на Ибрахимовиќ тврди: Би се обложил дека ќе потпише за Милан

Сонародник на Ибрахимовиќ тврди: Би се обложил дека ќе потпише за Милан

Златан Ибрахимовиќ повторно е една од  главните теми пред преодниот рок во јануари. Шведскиот напаѓач ја заврши авантурата во Ла Галакси, а и покрај тоа што има 38 години Швеѓанецот не размислува за пензија.

Кога е неговиот нов клуб во прашање изгледа дека се поизвесно е враќање во Серија А каде што играше за Јувентус, Интер и Милан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговиот долгогодишен соиграч од репрезентацијата на Шведска и пријател, Албин Екдал кој во овој момент игра за Сампдорија најголеми шанси му дава на Милан.

„Секојдневно медиумите пишуваат за Ибрахимовиќ, но никогаш не можеш да знаеш каква одлука ќе донесе Златан. Се споменува Болоња каде што играв и јас, но тешко можам да го замислам таму. Ако би морал да се обложам би кажал Милан. Милан ми изгледа како најприордно место за Златан“, смета Екдал.

За Ибра интерес покажаа бројни клубови, а најголеми кандидати се токму Милан, Наполи и Болоња. Ибрахимовиќ за Милан играше од 2010 до 2012 и беше дел од тимот на „росонерите“ кој во 2011 го освои последното Скудето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…