Дома Фудбал Англија Солскјер проговори за „случајот Погба“: Нема да ја трошам енергијата

Солскјер проговори за „случајот Погба“: Нема да ја трошам енергијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по поразот од Лајпциг  во Лигата на шампионите, не сакаше да одговара на прашањата поврзани со Пол Погба и неговиот менаџер Мино Раиола.

Погба и Раиола беа главната тема во медиумите, откако менаџерот изјави дека фудбалерот не е среќен на Олд Трафорд и завршил со Манчестер Јунајтед.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Ќе биде добро доколку менаџерот на Погба разбере дека оваа е тимски спорт и дека работиме сите заедно. Ова е последно што ќе го кажам на оваа тема. Не сакам повеќе на тоа да ја трошам мојата енергија. Мрате да го прашате Погба дали е среќен. Нема да зборувам во негово име. Тој работи напорно на тренинзите. Мислам дека сега не е време да зборуваме кој ќе дојде или кој ќе го напушти клубот“, изјави Солскјер.

Погба има договор до 2022 година и најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…