Дома Фудбал Англија Солскјер потврди дека Погба може да го продолжи договорот

Солскјер потврди дека Погба може да го продолжи договорот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер верува дека клубот може да го убеди Погба да потпише нов договор.

Договорот на Погба истекува следното лето, но „црвените ѓаволи“ можат автоматски да го продолжат договорот на уште 12 месеци.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, клубот сака иднината на Погба да биде решена што побрзо за да запрат шпекулациите, па веќе му понудиле нов договор.

Иако долго време Французинот се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид или Јувентус, сепак во моментов поголеми се шансите да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед.

„Не можам да откривам ништо за преговорите помеѓу играчите и клубот, но ние сакаме да ги задржиме најдобрите. Сакаме да изградиме силен состав за иднина. Знам дека Погба откако се врати по повредата изгледа се подобро и подобро. Сметам дека клубот треба да направи се што е во негова моќ за да потпише нов договор“, истакна Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кој ќе биде наследникот на Салах? Ливерпул има тројца на маса и буџет од 140.000.000 евра!

Ливерпул е подготвен да инвестира до 140 милиони евра во потрага по наследникот на Мохамед…