Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во интервју за „Атлетик“ зборуваше за бројни теми, а помеѓу нив беше и неговото време поминато на „Олд Трафорд“.
Солскјер призна дека враќањето на Кристијано Роналдо било грешка, но во тоа време тоа му изгледало како добар и логичен потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Враќањето на Роналдо беше опција која тешко можеше да се одбие. Мислев дека можеме да ја искористиме приликата, но се покажа дека погрешивме, не требаше да го вратиме. Олд трафрод експлодираше кога постигна два гола против Њукасл, изгледаше одлично, меѓутоа потоа работите потоа тргнаа во надолна линија“, изјави Солскјер.
Роналдо подоцна го напушти Манчестер Јунајтед откако влезе во отворен конфликт со тренерот Ерик Тен Хаг, а кариерата ја продолжи во Ал Наср од Саудиска Арабија.