Поранешниот англиски дефанзивец Стен Колмор смета дека Манчестер Сити би требало да ги понуди Џон Стоунс и Николас Отаменди, плус 150 милиони фунти за стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк.
Одличниот стопер е еден од клучните играчи на Ливерпул од пристигнувањето од Саутемптон за рекордна сума
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред да потпише со Ливерпул, Ван Дијк беше и на радарот на Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, а токму овие два тима оваа сезона водат жестока борба за титулата во Премиер лигата.
„Ја би ги понудил Џон Стоунс и Николас Отаменди, плус 150 милиони евра за Ван Дијк и не би престанал да ги убедувам додека Ливерпул не ја прифати мојата понуда, едноставно е премногу добар“.
„Знам дека Јирген Клоп има долгорочен договор на „Енфилд“ и дека ако Ливерпул не победи во Премиер лигата, тие ќе завршат веројатно на втората позиција и нема да сакаат да ги продаваат своите најдобри играчи. Посебно не на своите ривали“.
„Но Ван Дијк е еден од оние неверојатно талентирани спортисти и значително би ја подобрил одбраната на секој тим во светот. Ако Сити сака да стане доминантна сила нека го доведат Ван Дијк. Тој мора да вреди најмалку 175 милиони евра“, смета Колмор.
Ливерпул го доведе Ван Дијк за 75 милиони фунти, а неговата вредност на трансфер пазарот драстично се зголеми после фантастичната сезона на „Енфилд“.