Отказот на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен беше големо изненадување за фудбалската јавност, а сега полека се појавуваат детали од соблекувалната кои биле причина за таквиот развој на ситуацијата.
„Билд“ каде што како новинарка работи девојката на Нагелсман откри кои играчи биле најголеми заговорници за негово заминување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации тоа биле голманите Мануел Ноер и Свен Улрајх поради смената на голманскиот тренер Тапаловиќ, но имале и голема поддршка од Гнабри, Сане, Мусиала, Кансело и Мане.
Од друга страна се откриваат и имињата на фудбалерите кои биле на спротивната страна и инсистирале Нагелсман да остане, во овој „клан“ биле: Џошуа Кимих, Леон Горецка, Матијас Де Лихт, Павар и Упамекано.
Останува да се види како оваа поделба ќе влијае на резултатите на Баерн под водство на Томас Тухел.