Каква била атмосферата во тимот говорат овие информации.
Имено, во италијанските медиуми се појавуваат информации дека фудбалерите не му верувале на селекторот. Од самиот почетокот владеел скептицизам, ниту пак имаше било каков авторитет, ниту пак фудбалерите биле задоволни од неговата работа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште пред баражот и одлучувачките натпревари, фудбалерите во септември наводно верувале дека за Италија е подобро да нема селектор.
Репрезентативните се допишувале, а во еден неименуван разговор преку СМС пораки од колегите во репрезентацијата се говори дека би било подобро Буфон да брани и да биде селектор.
„Би добиле некој кој е сериозен, вака сме само брод среде бура без кормилар“, пишувало во пораката.
„Сигурно дека од ова не може полошо, Џиџи секако би бил подобро решение“, гласел одговорот.
Иначе по завршувањето на баражот бил откриен конфликт на Вентура со постарите фудбалери во тимот кои го обвиниле дека игра кукавучки.
Вентура остана на своето до крај, не му даде шанса на Инсиње, на крајот Италија беше елиминирана. Ќе добие оштета од околу 830.000 евра и тој во овој момент е најомразената личност во Италија, но тоа нема ништо да промени, Италијаните за прв пат после 60 години нема да бидат дел од еден Мундијал.