Роналдињо претхподните недели минува низ еден од потешките периоди во неговиот живот затоа што скоро еден месец се наоѓа во притвор во Парагвај.
Бразилецот е обвинет за фалсификување на документи со кој влезе во државата. Полицијата експресно реагираше и го уапси Роналдињо и неговиот брат и тие сега се наоѓаат во притвор каде што го чекаат судењето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Иако ги негираше обвинувањата на Роналдињо му се заканува казна затвор од шест месеци, а со пандемијата од коронавируост се дополнително отежна бидејќи не се знае кога судењето ќе може да се одржи. Додека е Роналдињо во притвор, шпанските медиуми се потсетија на интересна анегдота.
Станува збор за натпреварот од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2006/2007 кога Барса на својот стадион играше против Вердер Бремен.
На Каталонците им требаше победа за да завршат како првопласирани во групата. Барса на крајот славеше со 2:0. Тој натпревар остана запаметен по еден генијален потег на Роналдињо. Роналдињо доби идеја да шутира под живиот ѕид и погоди, подоцна многу играчи ја користеа оваа техника.
На овој гол се потсети и Португалецот Деко кој откри што му кажал на Роналдињо пред самиот шут.
„Го прашав Роналдињо да се договориме околу слободниот удар, а тој само ми возврати: Одете и чекајте ме на центарот, ќе дадам гол. Се надема, но не го послушавме и останавме тука. Не можев да си поверувам што направи и каков гол даде“, изјави Деко.