Дома Фудбал Репрезентации Славната американска фудбалерка Карли Лојд стави крај на репрезентативната кариера

Славната американска фудбалерка Карли Лојд стави крај на репрезентативната кариера

Прославената американска фудбалерка Карли Лојд изминатата ноќ го одигра последниот натпревар за својата репрезентација.

Лојд настапи во пријателскиот натпревар на САД против Јужнја Кореја. Својот 316 настап го заврши во 65. минута кога беше заменета од Алекс Морган. Во кариерата за репрезентацијата постигна 134 гола.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Навистина долга кариера, не знам дали би имала нешто повеќе да кажам. Сакам да се заблагодарам на навивачите, скептиците, критичарите…на сите. Ме мотивиравте да одам напред и многу сум благодарна“, изјави таа. За репрезентацијата Лојд дебитираше против Украина на 10. јули 2005 година.

Ќе потсетиме селектор на женската репрезентација на САД е Македонецот Влатко Андоновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонските фудбалерки ја декласираа Андора во Битола

Македонската женска репрезентација триумфира со 3-0 против Азербејџан во второто коло од к…