Популарниот ракомет сајт „Балкан Хендбол“ овие денови оствари контакт од домашна атмосфера со бројни ракометари, а вчера на ред дојде Сташ Скубе.
Скубе во интервјуто ги спомена емоциите од минатата сезоната, а низ шега проговори дека за Вардар најдобро е сезоната да заврши. Тој откри и дека Сергеј Самсоненко сигурно нема да биде во клубот наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако како што кажа тој Самсоненко заминува Скубе е оптимист.
„Јас сум опмитист и верувам дека работите ќе бидат подобри. Тие што останавме ќе ја одработиме сезоната фо крај и ќе видиме што ќе се случува. Знаеме дека Сергеј нема да во клубот наредната сезона. Искрено, не можам да кажам што ќе се случи. Се надевам дека тој што ќе го превземе Вардар ќе го врати на патот на кој заслужува, Скопје живее за ракомет. Имаме договор, но како што и сами знаете тој договор сега не значи многу. Одлуката ќе ја донесам наскоро, шансите засега се 50-50“, зборува Скубе во дел од интервјуто.
Во видеото погледнете го целото интервју.