Словенецот Сташ Скубе беше еден од ракометарите кои си заминаа од Вардар по завршувањето на ланската сезона. Скубе се реши кариерата да ја продолжи во Мешков Брест.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овој трансфер пред почетокот на сезоната е рангиран како деветти најдобар во Европа според реномираниот сајт „Хандбал планет“. Очекувано на врвот на оваа листа е трансферот на Сандер Сагосен кој премина од ПСЖ во Кил. Високо на второто место се најде и трансферот на Даинис Криштопанс кој го напушти Вардар во текот на минатата сезона.
Комплетната листа можете да ја погледнете – тука.