Хуан Мата започна хумантирана акција, но иако се очекуваше да добие поддршка од своите соиграчи тоа не се случи…
Имено, Мата најави хумантирана акција во која ќе се откаже од 1% од својата плата и ќе овој процент ќе го за помош на сиромашните деца ширум светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот оваа акција ја најави во август. Прв му се приклучи Матс Хумелс, набрзо потоа се јави и Џорџо Киелни. Но, никој од соиграчите од Манчестер Јунајтед не му се придружи, а поразителен е фактот што тоа го направија само уште четворица фудбалери од Премиер лигата: Чарли Даниелс (Бурнемоут), Каспер Шмајхел (Лестер), Алфи Мавсон (Свонси) и Бруно Салтор (Брајтон).
Освен нив, иницијативата „Common Goal“ ja поддржаа тренерот Јулијан Нагелсман и неговиот играч Серж Гнабри, Шинџи Кагава од Борусија Дортмунд, Александар Есвеин од Херта, Даниел Дидави од Волфсбург и уште 21 фудбалер и фудбалерки.
Просечната плата во Премиер лигата изнесува одколу 2.4 милиони фунти. Доколку секој играч се вклучеше во акцијата на Мата би се собрале околу 12.5 милиони фунти.