Предводени од скопјанецот Јасри Асани и кумановецот Таулант Сефери Албанија вчера ја совлада Чешка со 3:0 и така скоро и да го обезбеди пласманот на Европското првенство.
Победата ја најави Асани со прекрасен гол од 25 метри, а потоа Сефери го потврди триумфот два гола. Победата предизвика еуфорија на трибините, но се славеше и низ улиците на Скопје и Куманово.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во минатото овие двајца фудбалери настапуваа во младинските категории на Македонија. Асани беше дел од генерацијата до 21 година која се пласираше на Европското првенство, таа генерација се памети како најталентирана, а за неа собра четири настапи.
Подоцна не се најде на списокот за тоа Европското првенство, па се одлучи да игра за Албанија каде што на почетокот не му одеше и не добиваше повик, но во овој момент е еден од најважните играчи. Исто така Асани ги помина и сите младински категории на Вардар.
Таулант Сефери во младинските категории играше за Работнички и во времето на Игор Ангеловски стана најмладиот фудбалер што заиграл за македонската репрезентација, дебитираше во пријателски натпревар со Камерун на 17 години и шест месеци. Подоцна неговиот рекорд го сруши Дарко Чурлинов.
По тој дебитантски повик не беше редовно повикуван, па тоа го искористи Албанија која успеа да го убеди.