Денес на Арената „Тодор Проески“ се одигра скопското дерби помеѓу Работнички и Вардар.
Поради ситауцијата во Вардар Работнички пред натпреварот беше благ фаворит, но Вардар покажа дека и со ваков состав може да се надигрува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар создаваше шанси и во првиот дел меѓутоа недостасуваше реализација. Мрежата на Работнички ја затресе капитенот на овој натпревар и човекот кој пред натпреварот го крена пехарот за минатата сезона, Дарко Мицевски. Мицевски на мајсторски начин ја заврши одличната акција.
Во 71. Достаниќ го освежи нападот со 17 годишниот Лука Станковски кој влезе на местото на Стојков и тој негов потег се покажа и тоа како добар.
Само пет минути подоцна по едно нафрлување од прекин Станковски се најде на вистинското место во петерецот и го совлада голманот Илиќ за конечни 1:1.
Во останатите два натпревар Академијата Пандев славеше против Струга Трим Лум со 1:0, додека Македонија Ѓорче Петров беше подобра од Беласица со 2:1.