Манчестер Јунајтед никако да започне да игра како што се очекува, вчера „ѓаволите“ одиграа реми без голови против шпанска Валенсија на „Олд Трафорд“.
Тимот на Мурињо не изгледаше добро, имаше проблеми на средината на теренот, а гостите од Шпанија имаа простор за организирање добри контра напади, ваквата игра на Манчестер Јунајтед беше причина трпението да го изгуби Пол Сколс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер кој пишуваше на „Олд Трафорд“ гостуваше во студиото „Би-Ти Спорт“, посветено на Лигата на шампионите. Своите минути Сколс ги искористи да испрати критики до Жозе Мурињо.
„Прво, изненаден сум што воопшто ја преживеа саботата, тимот изгледаше толку лошо што очекував веднаш потоа да добие отказ. Влегува во конфликт со играчите, ги напаѓа затоа што нема резултати, потоа се жали на прес-конференциите. Често пати премногу зборува и неговото однесување не доликуван а клубот каков што е Манчестер Јунајтед, го срами клубот“, јасен беше Сколс.