Дома Останати Тенис Скок од 26 места за Калин Ивановски на АТП листата

Скок од 26 места за Калин Ивановски на АТП листата

Денеска беше објавена најновата АТП ранг листа, а нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски скокна за 26 места.

Тој се најде на 305. место што е негов најдобар пласман во кариерата, за една позиција повисок од оној на 7 август годинава.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова се должи на пласманот во второто коло на Челиџерот во Братислава и победите во квалификациите.

И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072. место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485. место со скок од осум места, а остана со три поени.

Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург и ќе има можност да го подобри пласманот на следното рангирање. Прв противник му е Холанѓанецот Јеле Селс (449.место).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус Вилијамс се враќа на Австралија опен после пет години

Седумкратната гренд слем шампионка во сингл, американската тенисерка Венус Вилијамс доби с…