Дома Фудбал Лига на шампиони „Скај Спорт“ објави детали: Ова е начинот на кој ќе се заврши Лигата на шампионите

„Скај Спорт“ објави детали: Ова е начинот на кој ќе се заврши Лигата на шампионите

Лигата на шампионите ќе продолжи во август и тоа во нов формат, пренесува „Скај Спорт“.

Според информациите на реномираниот медиум на состанокот помеѓу УЕФА и Асоцијацијата на европските клубови договорен е начинот на кој ќе се заврши најпрестижното клупско натпреварување.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Лигата на шампионите изгледа ќе се доигра во поинаков формат во однос на она што го гледавме вообичаено во минатите години.

Прво на програмата ќе бидат реванш натпреварите од осминафиналето: Јувентус – Лион, Манчестер Сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи и Баерн – Челзи. Тие би требало да се играат на 7 и 8 август.

Четвртфиналните натпревари на програмата се на 13 и 14 август. Ќе се игра по еден натпревар и тоа на неутрален терен. Во оваа фаза место изборија веќе Аталанта, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Лајпциг.

Полуфиналните натпревари и финалето би се играле во Инстанбул што ќе биде еден вид на фајнл-фор како во ракометната Лига на шампиони или кошаркарската Евролига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…