Aко веруваме на „Скај Спорт“, Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе ги доведе Еден Азар и Пол Погба.
За заминувањето на Азар од Челзи се пишува долго време и според многумина тоа е само прашање на време и не е некоја голема новост. Сега се тврди дека после неговиот ангажман Зидан и Перез ќе се насочат кон доведување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие двајца би требало да бидат првите ѕвезди на Флорентино Перез. Претходно за скоро 100 милиони евра се доведени Милитао од Порто и Родриго од Сантос, а желба на Реал останува и Лука Јовиќ од Франкфурт.
За Азар се е договорено. Се чека само крајот на Лигата на Европа и Премиер лигата за да се потврди трансферот кој ќе изнесува помеѓу 100 и 120 милиони евра. За Погба допрва треба да се преговара за сумата.
Светскиот шампион на Франција очајно игра во последните месеци и се појасно станува дека ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Британскиот таблоид „Сан“ наведува дека Погба е одлучен во намерата го напушти Манчестер Јунајтед и дека со своето однесување придонесол за лоша атмосфера во соблекувалната.
Не е ова прв пат Погба да претставува проблем во Манчестер од неговото враќање во клубот. Неколку месеци низ медиумите се пишуваше за неговиот конфликт со Мурињо.
Real Madrid are confident of signing Manchester United midfielder Paul Pogba and Chelsea forward Eden Hazard this summer – Sky sources. #SSN
Read more: https://t.co/7WK3brThtG pic.twitter.com/aK2TU3bZnC
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 26, 2019