Скаути на каталонскиот гигант Барселона присуствувале на дербито помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед за во живо да гледаат двајца фудбалери на „црвените ѓаволи“.
Каталонските медиуми откриваат дека предмет на интерес на Барселона се дефанзивецот Ерик Баи и младата ѕвезда Маркос Рашфорд.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Спортскиот директор на Каталонците Роберт Фернандес и шефот на скаутите Урбано Ортега присуствувале на „Стенфорд Бриџ“.
Двајцата преставници останале воодушевени од перформансите на двајцата фудбалери и покрај поразот на Манчестер Јунајтед.
Сепак, тешко дека Каталонците ќе можат да го убедат Мурињо да се откаже од фудбалери кои се исклучително важни за неговиот тим.