Денес со натпреварот помеѓу Парма и Јувентус во 18:00 часот стартува новата сезона во Серија А.
Пред стартот на сезоната претседателот на Милан, Паоло Скарони кој ќе се обиде да го врати Милан на старите патеки испрати мала провокација до ривалот од Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скарони го спореди Милан со Јувентус и потенцираше дека Милан е светски клуб, а Јувентус само италијански поради трофеите кои во Европа кој ги имаат освоено „росонерите“.
„Милан е светски клуб затоа што имаме освоено седум титули во Лигата на шампионите. Јувентус има помалку во Европа и повеќе во Италија, тие се италијански клуб. Секако дека и тоа е резултат за почит“, изјави Скарони.