Дома Останати Кошарка Скандал: Хулигани во Задар ја нападнаа делегацијата на Црвена Звезда

Скандал: Хулигани во Задар ја нападнаа делегацијата на Црвена Звезда

Голем скандал се случи доцна синоќа во Задар, каде во два одвоени инциденти се нападнати членови на раководството на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда и двајца новинари од Србија.

Клубот побара од надлежните органи да се огласат и да ги изведат пред правда сторителите, кои според Звезда нанеле тешки повреди на делегација на КК Црвена Звезда.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што се наведува, сите во нападот биле претепани од бројни маскирани хулигани и во таа прилика се здобиле со тешки повреди.

„Во тек е кривична истрага за утврдување на сите околности и факти на овие настани. Во просториите на полицијата има две лица кои се приведени во врска со овие настани. По завршување на кривичната истрага, полицијата навремено ќе ја информира јавноста“, соопштија хрватските власти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер во драматичен натпревар славеше над Торонто (Видео)

Екипата на Денвер Нагетс успеа да извојува тешка победа против Торонто Репторс со резултат…