Дома Фудбал Останато Скандал: УЕФА го наместила ждребот во ЛШ по желба на Реал Мадрид?

Скандал: УЕФА го наместила ждребот во ЛШ по желба на Реал Мадрид?

Се уште не се смириле страстите после аферата која ја отвори „Football Leaks“, а сега е на повидок ноб голем скандал во европскиот фудбал.

Во понеделникот во Нион се одржа ждребот за осминафиналето од Лигата на шампиони, а Реал Мадрид за противник го доби Ајакс, па „кралевите“ барем на хартија поминаа добро.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа денес новинарот на уругвајски „ЕСПН“, Јорге Рамос изнесе тешки обвиненија и изјави дека целиот ждреб бил наместен и тоа по налог на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Рамос тврди дека од луѓе блиски до Перез добил „инсајдерски информации“ дека претседателот на Реал пет дена пред ждребот почнал да врши притисок на челниците на УЕФА за во осминафиналето да го добие Ајакс.

Сепак, Рамос не можеше со конкретни докази да го поткрепи ова тврдење, па останува да видиме дали надлежните ќе покренат истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Санчо не сакал да премине во Рома поради врската со раперка

Џејдон Санчо одбил да премине во Рома поради врската со американската рап изведувачка, изв…