Дома Фудбал Лига на шампиони Скандал: Судија кој требаше да суди во Лигата на шампионите со смрт се заканувал на фудбалер!

Скандал: Судија кој требаше да суди во Лигата на шампионите со смрт се заканувал на фудбалер!

Oд Европската куќа на фудбалот направија промена за натпреварот помеѓу ПСВ и Спортинг во Лигата на шампионите.

Во овој натпревар УЕФА го промени четвртиот судија Фабио Мареска. Овој судија се најде во центарот на вниманието бидејќи на натпревар во првенството на Кувајт каде што судел му се заканувал на еден од фудбалерите со смрт.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалерот јавно објавил што му се случувало во натпреварот, а сето тоа стигнало и до УЕФА од каде што по итна постапка е отстранет од листата.

Мареска повеќе нема да суди натпревари во Лигата на шампионите, додека на споменатиот натпревар ќе го замени неговиот сонародник Даниеле Довери.

Средбата помеѓу ПСВ и Спортинг се игра вечерва од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…