Шпанските медиуми денеска пренесуваат дека околу 270 фанови на Реал Мадрид биле измамени откако уплатиле билет и превоз до „Вембли“, а подоцна биле информирани дека аранжманот се откажува.
Како објаснување им било кажано дека станувало збор за технички проблеми. Патувањето било организирано од извесна агенција и требало да полетаат вчера вечер, меѓутоа се било откажано.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Освен што останале без незаборавното искуство, не им биле вратени и парите. Ваквиот скандал стигнал и до Реал Мадрид од каде што за дел од нив организирале гледање од ложата на „Бернабеу“ каде што на видем ќе се следи битката за трофејот.
Ќе потсетиме, Реал Мадрид игра за својата 15-та титула во историјата, додека Борусија за својата втора.
🚨Informa @matoribio85 🚨
— Radio MARCA (@RadioMARCA) June 1, 2024
😡270 seguidores del Madrid han sido estafados
💸Compraron las entradas a un peñista de una importante peña del Real Madrid
❌Están tirados en Barajas sin entrada ni viaje
✈️ El club ya ha podido reubicar a 16 personas
📻https://t.co/ilgsizI4uT pic.twitter.com/4uU4inbcAZ