Дома Фудбал Останато Скандал: Поранешниот играч на Реал уапсен поради шверц на дрога!

Скандал: Поранешниот играч на Реал уапсен поради шверц на дрога!

Eдвин Конго поранешниот играч на Реал Мадрид утрово е уапсен во полициска акција против мрежа на криумчарење со кокаин.

Шпанската полиција уапсила десет лица, а помеѓу приведените е и Колумбиецот кој некогаш играше за Реал Мадрид, Ваљадолид, Леванте, Спортинг Хихон и Рекреативо Хѕелва, како и францускиот Тулуз, едно време играше и во Португалија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Конго во 1999 година стигна во Шпанија за пет милиони евра што тогаш беше рекорден трансфер за Колумбија, но не се прослави во Мадрид, па мораше да оди на бројни позајмица.

Денес работи како соработник во програмата „Ел Чирингуито“ и играше неколку натпревари за ветераните на Реал, беше дел и од голем број хуманитарни акции, но сега е осомничен дека е вмешан во голема криминална мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…