Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се најде во центарот на голем скандал.
Дефанзивецот на Барселона би можел да биде обвинет за перење пари и корупција откако „Ел Конфиденцијал“ објави разговори помеѓу него и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Луис Рубиалес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тие разговори двајцата се договораат околу провизијата која би ја добиле со играњето на Суперкупот на Шпанија на тло на Саудиска Арабија. Рубиалес му дава одобрување на Пике преку својата фирма да најде најдобро место за Суперкупот, а кога е одлучено тоа да биде Саудиска Арабија се обиделе да извлечат максимален износ кој како награда би го добиле од Саудијците.
Според објавените транскрипти, неименувана саудиска фирма е должна да исплати 24 милиони евра во текот на шест години, односно по четири милиони евра за секој одигран Суперкуп.
„Да видиме, Руби кога се парите во прашње. Ако Реал добива осум милиони…По ѓаволите осум одат на Реал и исто толку на Барселона…Останатите по еден-два милиони, значи тоа е 19, тебе ти остануваат шест. Да притиснеме за Садудиска Арабија и да го завршиме ова. Да зададаме два удари“, зборува Пике во еден од разговорите.
En marzo de 2019, Rubiales y Piqué iniciaron la búsqueda de un estadio. Rubiales iba a reunirse con el Real Madrid para tantear que se disputara en el Santiago Bernabéu, aunque el verdadero objetivo era que se jugara en el Camp Nou #SupercopaFileshttps://t.co/fC8aW4otOG pic.twitter.com/qaJFMIYecb
— El Confidencial (@elconfidencial) April 18, 2022