Дома Фудбал Репрезентации Скандал: Објавени документи според кои јужноамериканска репрезентација нема право на настап на СП!

Скандал: Објавени документи според кои јужноамериканска репрезентација нема право на настап на СП!

Поради случајот Брајон Кастиљо, Еквадор би можел да oстане без настап на Светското првенство.

Кастиљо немал право да игра за Еквадор во квалификациите за Светското првенство, затоа што е роден во Колумбија, но Еквадорците му го фалсификувале изводот на родените.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британски „Дејли Мејл“ дојде до документи кои не се во корист на Еквадорците и кои покажуваат дека фудбалерот навистина е роден во Колумбија и нема право да игра за Еквадор.

Пред неколку месеци Чиле побара од ФИФА да го исфрли Еквадор од Светското првенство поради фалсификуваниот извод на родените на Бајрон Кастиљо. Чилеанците тогаш тврдеа дека 23-годишниот дефанзивец немал еквадорско државјанство и немал право да игра во квалификациите, каде собрал дури осум настапи.

Чиле очигледно сакаше да го заземе местото на Еквадор на Светското првенство. ФИФА истражуваше и заклучи дека нема прекршување на правилата и затоа го отфрли тврдењето.

Случајот продолжи благодарение на откритието на „Дејли Мејл“.Британскиот таблоид пронајде документи кои ја потврдуваат чилеанската верзија. Тие покажуваат дека Бајрон Кастиљо всушност не потекнува од Еквадор, туку од Колумбија. Очигледно има два изводи на родени, оној од Колумбија, по име Брајон Хавиер Кастиљо Сегура и од Еквадор – во име на Брајон Дејвид Кастиљо Сегура.

Покрај тоа, датумот на раѓање се разликува во двата документи. Колумбискиот покажува дека Кастиљо е роден на 25 јули 1995 година. Еквадорскиот го дава датумот на раѓање како 10 ноември 1998 година. Од друга страна, имињата на родителите (Харинсон Хавиер Кастиљо и Еугенија Сегура Ортиз) се совпаѓаат, како и нивната земја на потекло – Колумбија!

Изводот на родените издаден во Колумбија е валиден бидејќи е одобрен од матичната книга на родените и тамошното Министерство за надворешни работи. Сепак, еквадорската верзија не е призната од националниот регистар на граѓански статус. На двата документи различни се и потписите на таткото на фудбалерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…