Дома Фудбал Останато Скандал: Нејмар се тепал во ноќен клуб!

Скандал: Нејмар се тепал во ноќен клуб!

Според пишувањето на шпанскиот „Мундо Депортивоз“, бразилската ѕвезда и фудбалер на Пари Сен Жермен, Нејмар бил вмешан во инцидент во ноќен клуб.

Нејмар дел од својот одмор минува во Рио Де Женеиро, а сега споменатиот медиум пишува дека во овој град бил вмешан во тепачка во ноќен клуб. Инцидентот според информациите се случил минатиот викенд.

Засега не се познати многу детали, се знае само дека Нејмар влегол во тепачка со непознат маж, а потоа реагирало обезбедувањето и спречило поголем инцидент. Заедно со Нејмар во ноќниот клуб била и неговата девојка Бруна Бјанкарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Масара отвори важна тема: Јувентус и Серија А мора да трошат „поинаку“

Пред дуелот со Лацио, Фредерик Масара порача дека Јувентус сè уште не размислува за јануар…