Дома Фудбал Скандал на Олимписките игри: Јужна Кореја беше претставена како Северна, веднаш се огласи државниот врв

Скандал на Олимписките игри: Јужна Кореја беше претставена како Северна, веднаш се огласи државниот врв

Министерството за спорт на Јужна Кореја побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах поради гафот за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз во кој Јужна Кореја беше погрешно претставена како Северна Кореја за време на парадата на спортистите.

– Побаравме и од Министерството за надворешни работи да испрати протестна нота до Франција – се вели во соопштението на јужнокорејското министерство, а пренесува агенцијата Јонхап.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Јужнокорејскиот олимписки спортски комитет поднесе жалба до организацискиот одбор на Олимпијадата во Париз за да спречи слични случаи да се повторат.

Додека јужнокорејската делегација се возеше со брод покрај Сена на церемонијата на отворање на Олимпијадата, француски најавувач преку разглас објави „Демократска Народна Република Кореја“, што е официјалното име на Северна Кореја. На ТВ екраните, сепак, точното име на државата беше наведено како „Република Кореја“. МОК објави извинување на корејски на платформата X.

– Длабоко се извинуваме за грешката што се случи при претставувањето на јужнокорејската делегација за време на свеченото отворање – се наведува во соопштението.

Во Париз синоќа со свечена церемонија беа отворени Летните олимписки игри кои ќе траат до 11 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…