Дома Фудбал Останато Скандал во Холандија: Ван Бастен среде пренос употреби нацистички слоган (ВИДЕО)

Скандал во Холандија: Ван Бастен среде пренос употреби нацистички слоган (ВИДЕО)

Со непромислен потег холандската легенда Марко Ван Бастен предизвика бура од реакции во јавноста.

Ван Бастен беше во улог на стручен коментатор за „Фокс“ во натпреварот помеѓу Ајакс и Хераклес, а после натпреварот среде пренос употреби нацистички слоган. Холандската легенда го употреби слоганот „зиг хајл“ кој го користеа нацистите предводени од Адолф Хитлер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најмногу шокира тоа што во првата минута од оваа средба Ајакс и Херкалес не играа и аплаудираа во знак на протест против расизмот на фудбалските терени.

Кога доби остра осуда од јавноста Ван Бастен се обиде да се оправда со тоа дека станувало збор за шега.

„Не сакав никого да навредам. Се извинувам, стануваше збор само за шега, но на крајот се испадна глупаво“, се правдаше холандската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…