Во текот на денешниот ден „Франс Фудбал“ објави информација дека Меси одлучил да се приклучи на Ал Хилал во Саудиска Арабија (ТУКА), иако подоцна познатиот Фабрицио Романо ги демантираше ваквите најави (ТУКА).
Романо потенцираше дека понудата за Меси постои од пред еден месец, но дека Аргентинецот не донел конечна одлука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На оваа тема се огласи сега и поранешниот легендарен фудбалер, Марко Ван Бастен. Славниот Холанѓанец смета дека Меси не треба да направи таков потег.
„Тоа би било жално…Зарем мора да оди таму по тие пари? Заработил сигурно и повеќе од доволно, прави го она што сакаш. Не можам да замислам, може да игра каде ќе посака и да оди во Саудиска Арабија?!“, се запраша Ван Бастен со краток коментар во емисијата „Рондо“ на „Зиго Спорт“.