Ерик Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед забележа уште еден во низата неуспеси, тимот од „Олд Трафорд“ беше поразен во рамките од шестото коло од екипата на Тотенхем со 0:3.
Во првите шест кола Јунајтед победи само на три натпревари, додека во првото коло од Лигата на Европа ремизираа 1:1 против Твенте, па така избраниците на Ерик Тен Хаг и ова натпреварување го отворија лошо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Токму затоа во јавноста има критики за Тен Хаг, но и за комплетната екипа. Сега се огласи легендарниот Марко Ван Бастен кој не го штедеше летното засилување, Мануел Угарте.
„Го гледам Јунајтед и гледам како новиот играч се шета по теренот. Станува збор за Мануел Угарте, платен беше 50 милиони евра. Како тој човек буквално се шета на теренот?! Идиотски е колку Тен Хаг инвестира во играчи кои воопшто не се добри“, изјави Вна Вастен.
Угарте е фудбалер кој летово пристигна во Манчестер Јунајтед од Пари Сен Жермен со кого англискиот гигант долго преговараше.