Слован Братислава беше исфрлен од првото претколо во Лигата на шампионите. Словачкиот шампион требаше да гостува против Клаксвик, шампионот на Фарски Острови.
Меѓутоа, тој меч со одлука на УЕФА беше регистриран со 3:0 за Класвик биејќи Словаците не беа во можност да го играат натпреварот. Според законот на Фарски Острови тие мораа во самоизолација бидејќи еден член на Слован, поточно нивниот физиотерапевет, беше позитивен на коронавирус. Позитивниот тест му бил направен оној по доаѓањето на Фарски Острови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак сега Слован објави дека дополнителните тестови на крвта кои нивниот физиотерапевт ги направил по враќањето во Словачка покажале дека во неговото тело нема Ковид антитела, тоа значи дека не можел да биде заразен. Очигледно на Фарски Острови ја искористиле ситуацијата со коронавирусот.
„Нашите сомневања за начинот на тестирање на Фарски Острови се покажаа како оправдани. Тесторвите направени во лабораторија покажаа дека нашиот физиотерапевт нема антитела на Ковид. Свесни сме дека ова нема ништо да промени во одлуката на УЕФА, но морамевме да ја објавиме оваа важна информација. Се чувствуваме оштетени. Разочарани сме и тажни што неправедно ја изгубивме шансата да се бориме за Лигата на шампионите“, објави Слован.
Naše pochybnosti o vykonávaných testoch na Faerských ostrovoch boli oprávnené.
— ŠK Slovan Bratislava (@SKSlovan) September 8, 2020
Výsledky testov preukázali, že fyzioterapeut, ktorého Faerské ostrovy označili ako nakazeného, nemá protilátky na Covid-19. https://t.co/817AYpmVgO