Францускиот фудбалер Вилијам Коколо, кој игра во третолигашот Бартон Албион е обвинет дека извршил дури три силувања во еден ден!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сите три прекршоци се тврди дека биле извршени во областа Бирмингем на 13 февруари 2022 година, а Коколо допрва треба официјално да се изјасни за обвиненијата.
„Бартон Албион е свесен за обвинувањата кои се упатени против нашиот фудбалер. Клубот разговараше со него, но клубот не е во можност да даде никакви коментари“, стои во соопштението.
Коколо кариерата ја започна во Монако, по што следеше трансфер во Англија каде прво играше за Сандерленд, а зимата 2022 година го облече дресот на Бартон Албион.
Да потсетиме, на Островот моментално се води голема постапка против фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, кој е обвинет за дури осум силувања.