Дома Фудбал Останато Скандалот го избездуми Роналдо – најави тужби!

Скандалот го избездуми Роналдо – најави тужби!

Адвокатите на Кристиано Роналдо најавија тужба за германскиот весник „Дер Шпигел“, откако вчера беа објавени сведочења на девојка која тврди дека била силувана од фудбалерот.

Имено, 34-годишната Кетрин Мајорга од Лас Вегас тврди дека Роналдо анално ја силувал на 12 јуни, 2009 година во неговиот апартман во хотелот „Палмс“ во Лас Вегас.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Германскиот весник објави сведочење на Мајорга за ужасот низ кој поминала откако го запознала Роналдо, откривајќи детали и пикантерии од ноќта кога била силувана.

Скандалот буквално предизвика „земјотрес“ во фудбалскиот свет, па адвокатите на Роналдо најавија тужба против весникот. Правните застапници на Роналдо испратија е соопштение во кое обвинувањата во „Дер Шпигел“ се наречени „недозволиво известување за сомнежи во подрачје на комплетна приватност“, па затоа ќе има тужба во која ќе се бара отштета за морална штета.

Според магазинот, студентката и Роналдо се договориле надвор од судот, па случајот бил затворен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…