Дома Фудбал Италија Си најде поволна средина: Фудбалерот на Барселона се понуди во Серија А?!

Си најде поволна средина: Фудбалерот на Барселона се понуди во Серија А?!

Турскиот интернационалец, Арда Туран, конечно би можел да ја напушти Барселона.

30-годишниот офанзивец во изминатиот период беше поврзуван со голем број екипи. Најчесто се споменуваше Турција, каде го посакуваа Бешикташ и Галатасарај, но Арда кариерата ќе ја продолжи во Италија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој кариерата би требало да ја продолжи во Милан. Неговиот агент, ги понуди услугите на неговиот клиент кај „Росонерите“ и сега се чека одговор од „Сан Сиро“.

Милан не ги погоди засилувањата следното лето. Клубот е во тешка ситуација, а Арда сосем сигурно би претставувал засилување за продолжението од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

БАСТОНИ КАЖА ДА: Стоперот на Интер продаден за 60 милиони евра!

Александро Бастони, стоперот на Интер и човекот кој е прогласен од италијанската јавност к…